Црн ден за фаворитите, Вилијамс ја шокираше Барса во 93. минута! (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Лошо поминаа фаворитите во четвртфиналето од Купот на Шпанија, за нивната судбина да биде комплетна падна и Барселона.

Каталонците имаа повеќе од играта, создадоа повеќе шанси за гол но голманот Симон беше одличен.

Се закануваше и Атлетик Билбао, главно преку Инаки Вилијамс кој на крајот се покажа и како херој на Баскијците.

Со негов гол со глава во 93. минута Атлетик Билбао се радуваше на голем триумф над Барселона.

На ждрепката за полуфиналето од Купот на Шпанија ќе учествуваат Атлетик Билбао, Реал Сосиедад, Гранада и Мирандес, тоа доволно зборува како поминаа фаворитите во шпанскиот куп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×