Конте ќе биде бесен, Интер за малку ќе пропуштеше предност од три гола кај Сасуоло (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Сасуоло
изминативе години му создаде многу мака на Интер, и се чинеше дека Интер
конечно лесно ќе стигне до три бода откако по 70 минути игра гостите водеа со
4-1.

Мартинез погоди
убаво од работ на шеснаесетникот веќе во 2. минута, Берарди брзо одговори и
изедначи на 1-1, но потоа на сцена стапи Лукаку. Белгиецот во 38. минута убаво
се загради, доби топка во шеснаесетникот и ги искористи своите физички
предиспозиции да си создаде простор и да бие за 1-2. Пред крајот на првиот дел,
Лукаку погоди од белата точка и на пауза „нероаѕурите“ заминаа со 1-3.

По 25 минути игра
во продолжението беше досуден нов пенал во корист на гостите, овој пат Мартинез
ја превзеде одговорноста и Аргентинецот реализираше за 1-4.

Многумина веќе
тука помислија дека е јасно кој ќе слави, очигледно така се чувствуваа и
играчите на Интер, кој се опуштија па дозволија Ѓуриќиќ брзо да намали на 2-4.

Потоа следуваше
ново невнимание, Бога се прошета низ одбраната и намали на 3-4 во 81. минута. Овој погодок само ја
зголеми паниката во редовите на Интер, кој играше неповрзано во финишот од
мечот, затворен пред својот гол и чекаше времето да помине. За среќа на
„нероаѕурите“ резултатот остана непроменет, па тие си заминаа со цел плен од
Мапеи стадионот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×