Поранешниот член
на медицинскиот тим на селекцијата на Колумбија, Хектор Фабио Круз вели дека на
фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез му недостасува професионализам,
подвлекувајќи дека тој не е фокусиран.
Иднината на Хамес
во Реал Мадрид е неизвесна, но Круз смета дека многу од проблемите на
Колумбиецот со кои тој се соочува се всушност од него лично.
„Тоа момче не е
фокусирано“ изјави Круз за „Фудболред“.
„Наместо да
работи за новата сезона, тој се зафати со средување на веѓите и неговата коса,
и тоа го правеше во период кога требаше да работи“ додава тој.
„Големите клубови
како Реал Мадрид очекуваат професионализам, кој ќе биде подготвен, но, ова
момче има лоши работи во главата“ подвлекува Круз.
Поранешниот лекар
во националниот тим на Колумбијците тука не запре, па продолжи со критиките кон
својот сонародник во кого очигледно дека не гледа иднина на фудбалски план.
„Фудбалер кој
помина неколку месеци вон терените и оди од клуб во клуб, како очекувате да
остане таму? Можеби ќе остане, но доколку беше подготвен, немаше да помине низ
сево ова“ вели тој и направи споредба со Кристијано Роналдо.
„Кристијано си
зема една седмица за одмор, отиде на јахта со своето семејство во Грција, а
веднаш по тој одмор имаше 15 луѓе околу него кои го подготвуваа за новата
сезона, тој е најголемиот професионалец кој го познавам. А што се однесува пак
до Хамес, тој откако се повреди на Светското првенство, си ангажираше приватен
авион, отиде на некоја плажа за да се релаксира, така не може…“ заклучи Круз.