Алексис Санчез ќе игра во Интер а ќе биде трет најплатен фудбалер на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Голем број на
извори уште доцна синоќа пренесоа дека Интер и Манчестер јунајтед си подале
рака за преселба на Алексис Санчез на „Џузепе Меаца“. Офанзивниот фудбалер 10
месеци ќе биде на позајмица во Милано. „Нероаѕурите“ нема да добијат опција во
целост да го купат Чилеанецот и следното лето двата клуба ќе имаат нова средба
за да ја одлучат иднината на играчот.

Како што пишува
Гардијан, Интер се сложил да плаќа 175.000 фунти неделно од платата на Алексис
Санчез, кој има основни примања од 390.000 фунти неделно. Тоа значи едка
„ѓаволите“ ќе треба да одвојат 215.000 фунти неделно за играч кој нема да настапува
за нив.

Со други зборови,
Алексис Санчез ќе игра за Интер а биде третиот најпалтен фудбалер на Манчестер
јунајтед.

Поголема плата од
него имаат само Пол Погба (околу 290.000 фунти неделно) и Антони Марсијал
(250.000 фунти неделно).

Се најавуваше
дека Давид Де Хеа ќе стави потпис на нов договор со плата од 350.000 фунти
неделно, но официјално соопштение се уште нема пристигнато, па Шпанецот со
200.000 фунти неделно сега за сега ќе остане зад Алексис Санчез на листата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×