Црвена звезда одигра 1-1 во Белград против Јанг Бојс, благодарение на гол повеќе на гостински терен оди понатаму.
Еден час се играше без голови, а потоа по една одлична акција Вукановиќ погоди со глава за водство на Црвена звезда од 1-0.
Српскиот тим ја контролираше играта, но на десет минути пред крајот Бен си постигна автогол и им даде надеж на гостите дека на крајот тие може да се радуваат.
Имаше шанси Јанг Бојс во финишот, но Црвена звезда издржа и на крајот сосема заслужено втора година по ред ќе игра Лигата на шампионите.
1-1 заврши и натпреварот меѓу Розенборг и Динамо Загреб. Хрватскиот тим го доби првиот меч со 2-0 и со вкупни 3-1 се пласира во групната фаза од елитното натпреварувања.
Розенборг поведе со гол на Акинтола уште во 11. минута, но тоа беше се што направија. Гојак во 71. го изедначи резултатот на 1-1. Адеми го одигра целиот меч.
Пласман во групната фаза обезбеди и Олимпијакос кој уште еднаш го совлада Краснодар, овој пат во Русија со 2-1.