Ривалдо со молба до Барса за трансферот на Нејмар, доби и „лајк“ од таткото на напаѓачот (ФОТО)

by
1 минути читање

Делегација на
Барса е во Париз и денеска ќе започне финална офанзива за враќање на Нејмар на
Камп Ноу. Во исчекување на вести за тоа како поминала средбата, легендарниот
Ривалдо испрати молба до раководството на „каталонците“.

„На сите добро ни
е познато што се случи со Нејмар. Неговото заминување од Барселона беше голема
грешка, тој не требаше да го напушти клубот. Но сега е желен да се врати и
стори се што требаше да стори. Па ги замолувам претседателот на Барса и сите
директори во бордот да не дозволат Нејмар да заврши во друг клуб. Се надевам
дека ќе пронајдат заеднички јазик со ПСЖ и Нејмар ќе се врати на местото од кое
не требаше никогаш да замине. Виска Барса“
– напиша Ривалдо на Инстаграм.

Неговиот пост на
социјалните мрежи предизвика и реакција од таткото на Нејмар, кој стави „лајк“
на објавата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×