Познато е дека
Жерард Пике е голем обожавател на покерот, дефанзивецот е редовен учесник на
турнирите во Барселона а често знае да се појави и на светското првенство во Лас
Вегас.
Тој денеска
стигна до најголемата добивка во својата кариера како покер играч, на ЕПТ
Барселона и турнирот Хај Ролер со влез од 25.000 евра. Жерард Пике не само што
стигнал до финалната маса, туку и се борел за победа против Хуан Пардо. За
финишот на второто место, дефанзивецот добил награда од 352.950 евра.
Шпанецот не бил
единствениот фудбалер на „каталонците“ кој настапил на овој турнир.
Артуро Видал ги покажал своите покер вештини, Чилеанецот исто така дотуркал до
финалната маса и финиширал на петото место со награда од 134.460 евра.
Pique blinder!
From soccer stars to PokerStars. @3gerardpique and @kingarturo23 put in a great performance at #EPTBarcelona, cashing for over €487K! pic.twitter.com/fFu3amhlPW— PokerStars (@PokerStars) August 27, 2019