Можеби не како што бараше Барса но Нејмар повлече потег, го известил Леонардо дека сака само назад на Камп Ноу

by
1 минути читање

Барселона бараше
од Нејмар јавно да каже дека сака да се пресели во Барселона, со што ќе ги тргне Реал Мадрид и Јувентус од сликата, ќе ја ослабне позицијата на ПСЖ и ќе ги стави „светците“ под притисок да
најдат заеднички јазик со „каталонците“.

Бразилецот до
сега седеше мирен, но последните информации велат дека и тој повлекол потег.
Можеби не како што бараше Барса тоа да биде јавно, но Нејмар синоќа разговарал
со Леонардо и го известил спортскиот директор на ПСЖ дека сака само назад на
Камп Ноу.

Ваквиот чекор
следи по највите дека Барса подготвува финална офанзива по потписот на Бразилецот.

Делегација на
шампионот на Шпанија од утрово е во Париз, генералниот извршен директор Грау
заедно со директорот Бордас, техничкиот секретар Абидал и човекот од доверба
Кури денеска ќе треба да се сретнат со Леонардо и првиот човек на ПСЖ, Ал
Келаифи.

Дали последниот
потег на Нејмар ќе придонесе ПСЖ да направи компромис останува да видиме. До
овој момент „светците“ инсистираа на голема сума уште сега, што е најголема
пречка за надминување бидејќи Барса нема пари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×