Матијас Погба,
или братот на многу попознатиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Погба, говорејќи за „АС“ дискутираше околу
можноста ѕвездата на Премиерлигашот да заврши во дресот на шпанскиот гигант Реал
Мадрид.
Тој вели дека
никој не треба да очекува Пол Погба да рече нешто лошо за Манчестер јунајтед, додавајќи дека станува
збор за голем професионалец во својата професија.
„Никој да не
очекува дека Пол ќе каже нешто лошо за Манчестер јунајтед, тој е професионалец,
тој во моментов е член на тој клуб, а неговата иднина? Тоа зависи од обата
клуба, Манчестер јунајтед треба да има желба да продаде, а од друга страна пак,
од Мадрид ќе треба да бидат подготвени да го купат, така функционира овој
бизнис“ вели Матијас, а потоа одговори и на прашањето како досега не се случи
толку посакуваниот трансфер на шефот на стручниот штаб на „Кралевите“, Зинедин
Зидан.
„Не знам што да
кажам… Зидан секогаш говорел на високо ниво за мојот брат, тоа е голема чест,
дополнително, тие постојано го слушаат него. Сите знаат дека Пол би бил одличен
за Реал Мадрид и Зидан. Сепак, останува на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед,
тие треба да разговараат“ додава тој во интервјуто.
Меѓу другото, во
интервјуто тој беше запрашан за фактот што како мал, Пол Погба бил голем
навивач на Барселона, а сега посакува да игра во дресот на Реал Мадрид, на тоа
Матијас додава дека тие се професионалци, а тоа што мислеле во раната возраст
нема влијание во моментов.