Ерата на Антонио
Конте на „Џузепе Меаца“ започна со три бода, два убави погодока на Брозовиќ и
Кандрева и убедлив триумф од 4-0.
Гол серијата беше
отворена во 21. минута, Брозовиќ доби топка на работ од шеснаесетникот и прекрасно
пласираше во аголот за 1-0.
Само три минути
подоцна Интер поведе со 2-0. Новото засилување Сенси одлично се снајде покрај
двајца противнички играчи и биеше прецизно по земја.
Уште еден
новајлија вечерва се запиша во листата на стрелците. Лукаку начека една одбиена
топка по еден час игра и ја затресе мрежата на Лече за 3-0.
Точка на
натпреварот стави Кандрева, кој вечерва играше како препороден и по долго време
пружи одлична партија. Италијанецот во 84. минута испрати проектил од далечина
и ја крена публиката на нозе.