Тригодишниот
Матео ги насмеа љубителите на фудбалот откако се појави снимка од моментот кога
прослави „погрешен“ гол, односно гол на Бетис во мрежата на Барселона, а
снимката за момент се стекна со светска слава.
Фановите на Бетис збеснаа на оваа објава од Барселона, а потоа Каталонците се извинуваа (ФОТО)
Незгодниот Бетис
прв го отвори мечот на „Камп Ноу“ на резултатски план, и тоа со голот на
големото засилување Фекир, а веднаш по неговиот погодок следеше славје на синот
на Меси, кој веднаш доби потсетување од страна на Луис Суарез за кој тим треба
да навива, по што Уругваецот се изнасмеа на таа ситуација, а не остана покус
ниту самиот Лионел Меси…
Не е прв пат
Матео да биде уловен од камерите како ги поддржува противниците на својот
татко, така беше и во убедливиот пораз лани од Ливерпул во Лигата на
шампионите, а Меси откри една интересна сторија за тој меч.
„Матео ги сака
сите дресови, постојано ги носи на себе, но еднаш на Плејстејшн тој ми рече:
‘Јас ќе играм со Ливерпул, оние кои
те победија, јас сум Ливерпул, а ти си Барселона’. Тој разбира малку, но се уште не разликува, исто
кога загубивме од Валенсија, тој рече ‘Валенсија победи, еххх…’, или кога ќе гледаме ТВ тој се радува на
головите на Реал Мадрид“ изјави Меси во една прилика.