Лекарот на Михајловиќ: Морам да признаам дека тој се покажа како примерен пациент, ги почитува сите препораки

by
1 минути читање

Синиша Михајловиќ
се врати крај аут линијата за време на натпреварите на италијанскиот прволигаш
Болоња, српскиот фудбалски стратег тоа го стори за време на синоќешниот меч
против Верона на гостински терен во воведното коло од Серија А, а неговото
појавување ги изненади сите.

Српскиот
фудбалски стратег се појави во јавноста за прв пат откако му беше
дијагностицирана леукемија, по што продолжи со терапија на клиниката за хематологија „Сант
Орсола“ во Болоња, а неговото појавување
синоќа ги изненади дури и самите фудбалери, а неговиот лекар уверува дека
Михајловиќ е доста дисциплиниран во поглед на советите кои ги добива.

Во петокот
увидовме некои подобрувања, му кажав да почне да се организира, меѓутоа јас
останав резервиран околу одлуката да дадам целосно појаснување или не помеѓу
сабота и недела
“ вели професорот Мишел Каво во изјава за новинската агенција „Анса“.

Тој уште во
четвртокот ја покажа големата желба да биде таму на стадионот, морам да
признаам дека Синиша се покажа како примерен пациент, направи се
што јас лично му кажав да стори, никогаш
не покажа непочитување кон некој совет, ги почитува сите препораки
“ додава тој.

Михајловиќ им
ветил на своите фудбалери уште откако влегол на клиниката за терапија дека ќе
биде со нив во воведниот дел од сезоната од Серија А, а претстојат нови
натпревари за Болоња.

Можам да кажам
дека тоа што се случи вчера можеби не е изолиран момент, во тој поглед, ќе
постојат моменти кога тој ќе мора да се придржува до термините за третманите и
нема да биде во можност да се појавува јавно
“ заклучи Каво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×