Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговите очекувања во
поглед на неговата иднина се да ги наполни добро батериите веднаш штом
актуелниот договор со европскиот првак му истече, а истиот е со важност до
2022. година.
52 годишниот германски
фудбалски стратег на „Енфилд“ пристигна во 2015. година, го предводеше Ливерпул
до титула во Лигата на шампионите ланската сезона, а истовремено заврши како
вицепрвак во Премиерлигата зад Манчестер Сити.
„Имам целосна
енергија, но, имам еден проблем, можам да направам се’ или ништо“ вели тој во изјава за магазинот „Кикер“.
„Кога ќе увидам
дека не можам да продолжам вака, тогаш ќе земам пауза од една година“ додава
Германецот.
Ливерпул ја нема
освоено титулата во Премиерлигата уште од 1990. година, а водат тешка битка со
нивниот голем ривал Манчестер Сити кој доминира во англискиот фудбал.
„По таа година (паузата),
одлука мора да падне, но шансите дека и во тој период ќе имам ваква енергија се
големи, по што ќе можам повторно да ја работам својата работа на начин на кој
јас лично посакувам“ заклучи Клоп.
Клоп е познат по
својата пасија и енергија крај аут линијата во текот на предводењето на
екипите, инаку, што се однесува пак до неговата иднина, тој се поврзуваше со
германската национална репрезентација, како и Баерн Минхен.