Иако има само 16 години, Ансу Фати синоќа дебитираше за Барселона на натпреварот против Бетис кој Каталонците го добија со 5-2.
„Ова е најсреќниот ден во мојот живот. Кога ни кажа дека е повикан од Валверде, јас и мојата сопруга почнавме да плачеме. Кога влезе на теренот, бевме во облаци. На 6-7 години дојде во Шпанија, јас бев дојден претходно и не знаев дека тој играл фудбал. Ми рекоа не знаеш колку е добар твојот син“, вели таткото Бори Фати.
„Ние живеевме во Севиља, Реал Мадрид ми понуди подобри услови за мојот син отколку Барса. Но тие дојдоа во мојата куќа со договор и ме убедија. Алберт Пуиг дојде и ми кажа дека син ми треба да потпише за Барселона. Кога дозна Севиља беа лути, Мончи ме праша колку пари ми понудиле, тие сакаа син ми да потпише за Севиља. Но на 9 години, Севиља се откажа од него, го остави една година без играње“.