Златан Ибрахимовиќ даде два гола во директното соочување со Карлос Вела (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ продолжува да блеска во МЛС, овој пат даде два гол во дербито на Лос Анџелес.

Тој имаше директно соочување со Карлос Вела кој е најдобриот стрелец а и најдобриот играч во МЛС во моментов.

Ибрахимовиќ ги постигна првите два гола за Лос Анџелес Галакси со кои имаа водство од 1-0 и 2-1, Карлос Вела даде еден погодок, тој за конечни 3-3 кој му донесе бод на Лос Анџелес ФК.

Оваа сезона Карлос Вела има 27 голови и 15 асистенции, Ибрахимовиќ е втор со 22 голови и три асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×