Агуеро до голот број 400 во кариерата, Сити пресилен за Борнмут (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Граѓаните“ со три бода си заминуваат од „Виталите“ стадионот, попладнево без многу проблеми го совладаа Борнмут со 1-3.

Мечот го одбележа Кун Агуеро, Аргентинецот два пати се запиша во листата на стрелците и стигна до бројката од 400 голови во својата кариера.

Резултатот беше отворен во 15. минута од мечот. Де Брујне сакаше да шутира но прилично лошо ја зафати топката. За негова среќа тоа испадна перфектно додавање за Агуеро, кој одлично се снајде и биеше по земја крај стативата за 0-1.

Пред крајот на првиот дел, Сити ја дуплираше предноста, Давид Силва му асистираше на Стерлинг за 0-2. Домаќините сепак брзо вратија, Вилсон во судиското надополнување погоди за 1-2 и навести интересно второ полувреме.

Во продолжението од мечот „граѓаните“ брзо наметнаа иницијатива и Агуеро во 64. минута ги реши дилемите околу победникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×