20-годишниот Холанѓанец беше капитен на Ајакс и најбараниот дефанзивец во преодниот рок. Јувентус стигна до неговиот потпис откако плати огромна сума.
Но, во премиерниот меч од Серија А, Де Лихт се најде на клупата. Јувентус ја победи Парма со 1-0, а Кијелини и Бонучи беа тандемот стопери.
„Природно, преферирам да играм и на тренинзите немаше никакви индикации дека тоа нема да се случи, па бев изненаден кога видов дека ќе седам на клупата“, изјави Де Лихт.
„Јасно, ја почитувам одлуката на тренерот. Морам да бидам реален, се уште се прилагодувам во Италија. Дефанзивците кои играа, Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини, долго време се сметаат за најдобриот тандем централни дефанзивци во светот“.
„Треба да го заработам моето место во текот на сезоната. Првите пет недели беа тешки на физичко ниво, но сфатив дека станувам посилен. Дефанзивно, барањата не се многу порзлични од оние кои ги имав во Ајакс“.
„Се уште се мачам со јазикот, знам некои фудбалски термини, но сакам подобро да го научам италијанскиот. Одам на курс пет дена во неделата и добро ми оди“.