Поранешен фудбалер на Челси тврди: Како млад, Азар не беше така брз и директен како Пулишиќ

by
1 минути читање

Постојат големи
очекувања од новата ѕвезда на Челси, Кристиан Пулишиќ кој во Лондон пристигна
по трансферот од Борусија Дортмунд вреден цели 73 милиони евра, а Американецот
веќе на големо се споредува со Еден  Азар
кој летово ги напушти „Сините“ по долги години и се пресели во редовите на Реал
Мадрид.

Френк Лампард,
шефот на стручниот штаб на Челси веќе упати пофалби на сметка на талентираниот
Американец, најавувајќи дека постојат уште многу работи кои ќе дојдат низ текот
на периодот кои претстои, а пофалби пристигнаа и од поранешниот фудбалер на
Челси, Тони Каскарино
, кој
играше како напаѓач за Премиерлигашот две сезони (1992/94), а во истите
постигна 8 погодоци на 40 натпревари.

Пулишиќ изгледа
дека ќе биде доста опасен фудбалер за Челси, не се сеќавам дека како млад
Еден  Азар беше вака брз и директен, нема
причина зошто Пулишиќ да не се развие во фудбалер од типот на  Азар
“ вели Каскарано.

Каскарино говори доста директно во своите очекувања од Пулишиќ, за кого вели дека само небото е лимит, споредувајќи го талентот на Американецот, ги спомна Архен Робен и  Еден Азар.

Тој ме потсетува
на Робен, не можете да го сопрете во дуелите еден на еден бидејќи не знаете во
кој правец ќе тргне, неговото темпо е зачудувачко
“ додаде тој.

Пулишиќ утре со својот Челси гостува кај Норвич во третото коло од англиската Премиерлига, веројатно е дека Американецот ќе почне од првата минута и ќе има нова можност да го постигне голот првенец во најсилниот фудбалски шампионат на Островот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×