Маркус Рашфорд
шутираше од белата точка против Челси во првото коло, но на „Молињу“, Пол Погба
ја зеде топката од напаѓачот и ја изведе најстрогата казна. Французинот
промаши и пропушти да донесе победа, па доби критики од навивачите и стручните
коментатори, а на социјалните мрежи дури имаше и расистички навреди.
Замерки беа
упатени и на адреса на Оле Гунар Солшер. Многумина се чудат зошто Норвежанецот
нема одредено прв пеналџија и ги остава играчите на теренот да се договорат. Се говореше дека
по фијаското против Волвс, Пол Погба нема да види пенал, но тренерот на
Манчестер јунајтед вели дека ништо не се променило и двајцата фудбалери ќе
продолжат да ја делат должноса за изведување пенали.
„Сигурен сум дека
ќе видиме повторно како Пол Погба реализира пенал за Манчестер јунајтед. Маркус
и Пол и понатаму се задолжени за ударите од белата точка“ – рече Солшер на
денешната прес конференција.
Легендата на
„ѓаволите“, Гери Невил во својата анализа за Скај Спортс рече дека ситуацијата
била срамна, но Норвежанецот не гледа на работите така.
„Тие не се караа
кој да го изведе пеналот. Не се работи за тоа дека има анархија и секој може да
прави што сака“.
Запрашан како се
чувствува Пол Погба по расистичките навреди кои ги доби на социјалните мрежи,
Солшер вели: „Се е во ред со него. Има силен карактер и ваквите епизоди ќе го
направат само посилен. Не можам да поверувам дека во 2019 се уште разговараме
за вакви работи“.