Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер најавува дека
преговорите околу продажба и заминување на Алексис Санчез може да се
пролонгираат и до септември, иако повеќе медиуми пренесуваат дека Интер е близу
ангажман на Чилеанецот.
Иако навидум
изгледаше дека преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Интер се ближат кон
крајот, платата на фудбалерот ги стави преговорите на „стенд-бај“, па така
преговорите траат подолго од претходно предвиденото.
Во меѓувреме, Санчез
помогна во победата на Манчестер јунајтед над Шефилд Јунајтед од 3-1 во
пријателски меч кој беше одигран зад затворени врати, по што доби пофалби од
страна на Солшер.
„Се уште постојат
преговори со некои клубови“ рече Солшер.
„Но, тој играше
на мечот против Шефилд јунајтед и имаше одлично издание, јас веќе и претходно
напоменав дека работи одлично, ќе видиме во септември што ќе се случи“ додаде
Норвежанецот.
Летниот преоден
рок за италијанските екипи завршува на 2ри септември, дотогаш ќе видиме каков
ќе биде исходот од преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Интер, се шпекулира
дека Санчез веќе дал зелено светло за преселба во Милано.