За тоа се пријателите, како Артуро Видал му среди на Франк Рибери да ја добие 7-цата во Фиорентина

by
1 минути читање

Во Фиренца
изминативе неколку дена владее еуфорија откако Франк Рибери ја прифати
понудата на Фиорентина да го облече виолетовиот дрес. Тој во средата стави
потпис на договорот а вчера на спектакуларен начин беше промовиран на „Артемио
Франки“ пред околу 12.000 навивачи.

Французинот потоа
се појави и пред медиумите и ја потврди приказната за тоа како го добил дресот со број 7. За да му
се оствари желбата, Франк Рибери му се јавил на својот добар пријател од
времето во Баерн Минхен, Артуро Видал. Фудбалерот на Барселона потоа го контактирал својот сонародник Ерик Пулгар и го замолил за услуга.

Ерик Пулгар, кој
ова лето исто така пристигна во Фиорентина, не правел проблеми и ја оставил
7-цата за Франк Рибери.

„Да, точно е дека
му се јавив на Артуро Видал. Му благодарам за тоа што го стори“
– порача Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×