ПСЖ со ултиматум до Барса за трансферот на Нејмар

by
1 минути читање

Иднината на
Нејмар и понатаму е во фокусот на медиумите од Шпанија и Франција. Според
пишувањата на РАЦ1, ПСЖ доставил ултиматум до Барселона.

„Светците“ им
порачале на „каталонците“ дека имаат рок до полноќ да достават нова и подобра
понуда, во спротивно тие ќе ги прекинат преговорите и ќе почнат да разговараат
со Реал за преселба на Бразилецот во Мадрид.

Мундо Депортиво се надоврзува на ова со сторија дека Осман Дембеле би можел сега да биде ставен на маса, и покрај тоа што Французинот неодамна одбил преселба во Париз.

Спорт пак пишува
дека лидерите на Барса подготвуваат нова понуда. Каталонскиот весник не открива
детали, но посочува дека можат да бидат вклучени играчи, одредена сума на
пари која ќе биде платена ова лето, како и додатна сума на кеш следната година.

Понудата треба да
биде доволно моќна за самиот Нејмар да види дека намерата на „каталонците“ е
прилично сериозна за и тој да стави дополнителен притисок врз ПСЖ за
реализирање на трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×