Официјално: „Јапонскиот Меси“ му стана соиграч на Трајковски во Мајорка

by
1 минути читање

Големата надеж на
Реал Мадрид, 18 годишниот Такефуса Кубо и официјално се пресели во редовите на
старо-новиот шпански прволигаш Мајорка, а во новата сезона ќе настапува како
позајмен фудбалер во таа екипа каде летово трансфер направи нашиот
репрезентативец Александар Трајковски.

Уште во текот на
вчерашниот ден неколку медиуми во Шпанија пренесоа дека Реал Мадрид и Мајорка
постигнале договор околу позајмицата на младиот Јапонец, иако се споменуваше и
Реал Валјадолид како опција за Кубо.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

@realmadrid
para la cesión de Takefusa Kubo https://t.co/42Yx6uenlCpic.twitter.com/kuVsD156Nz

Кубо воедно
станува третиот Јапонец кој ќе настапува во дресот на Мајорка, по Јошито Окубо
и Акихито Јенага.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×