ПСЖ игра многу тврдо, одбиле голема понуда од Реал Мадрид за Нејмар, 100 милиони евра плус три ѕвезди!

by
1 минути читање

„Л’Екип“ пишува дека ПСЖ одбиле понуда од Реал Мадрид во износ од 100 милиони евра плус Герет Бејл, Хамес Родригез и Кејлор Навас.

Реал Мадрид се одлучил покрај парите, да жртвува и тројца од фудбалерите кои не беа баш во плановите на Зидан.

Бејл долго време беше проблем, иако се чини дека работите полека се смируваат и тој ја враќа довербата од Зидан. Хамес се врати од Баерн Минхен но постојано се поврзува со заминување. И Навас кој го загуби статусот на прв голман од Куртоа.

Остануваат уште десетина дена до последниот ден од преодниот рок, ПСЖ е многу тврд во преговорите, па останува да видиме дали некој клуб во меѓувреме ќе ги исполни нивните големи барања и ќе го ангажира Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×