Официјално: Рома се засили со Ѕапакоста

by
1 минути читање

Рома го потврди
ангажманот на фудбалерот од Челси, Давиде Ѕапакоста, италијанскиот бек во Рим
доаѓа на позајмица, а обата клуба се договорија и за дополнителна опција која
нуди продолжување на неговиот престој во италијанската престолнина.

Ѕапакоста се
приклучува на тимот од Рим како позајмен фудбалер на шест месеци, меѓутоа Челси
и Рома се договорија да има опција калчолигашот да продолжи со фудбалерот до
јуни идната година, а Ѕапакоста не ги криеше импресиите откако се пресели во
редовите на „Римската волчица“.

Среќен сум што
се приклучив на оваа екипа, имав искуство кое ми помогна да се развијам како
фудбалер, но и општо како личност, да имате можност да настапувате за ваков
голем клуб е огромна мотивација, едвај чекам да почнам со работа со моите нови
соиграчи
“ изјави Ѕапакоста кој во „Римската волчица“ ќе настапува во дресот со број „2“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×