Ливерпул и
Арсенал тргнаа со две победи во исто толку одиграни натпревари во новата сезона
од Премиерлигата, а токму овие две екипи ќе ги одмерат силите во третото коло
претстојниов викенд.
На „Енфилд“ во
сабота сигурно ќе проследиме интересна пресметка, а такво нешто доаѓа во најава
и од тоа што камерите го уловија за време на подготовките на Ливерпул, Енди
Робертсон и Вирџил ван Дајк се посебно расположени.
Се чини дека
двоецот од одбраната на „Редсите“ добро ја простудирале прославата на
погодоците на двоецот во нападот на Арсенал, Обамејанг и Лаказет, кои сигурно
ќе бидат најголема опасност кон нивниот гол, па така тие испратија и мала
провокација кон нив, изведувајќи ја нивната добро позната прослава на
погодоците.
data-lang="en">