Да се игра на „Ла Бомбоњера“ е магично, тврди Де Роси, средба со Рикелме е голема желба на Италијанецот

by
1 минути читање

Ветеранот Даниеле
Де Роси се чини дека го живее својот втор фудбалски живот во легендарната Бока
Јуниорс, Италијанецот не крие дека е импресиониран и возбуден на начинот на кој
е прифатен во новиот клуб каде премина како слободен играч на трансфер пазарот
откако му заврши договорот со Рома.

Италијанецот
изминатиот викенд играше на легендарната „Ла Бомбоњера“ каде Бока Јуниорс со
2-0 славеше во дуелот над Алдосивили во редовното коло од аргентинскиот
фудбалски шампионат, а Де Роси вели дека играњето на таа рена е магично и
исполнување на соништата.

Поминаа возбудливи
три недели тука, среќен сум на начинот на кој сум прифатен тука, да се игра на
„Ла Бомбоњера“ е нешто магично, сон, емоциите целосно се сведуваат на теренот,
сепак, фокусиран сум, ја имам целосната потребна поддршка од моите соиграчи

рече Де Роси кој притоа откри дека по средбата со Марадона, сега има желба да
се види очи во очи со уште една легенда, Хуан Роман Рикелме.

Откако се
сретнав со Марадона, сега би сакал истото да го сторам и со Рикелме, јас него
го користам како позадина на групата на „ВатсАп“ каде сум заедно со моите
соиграчи, верувам дека само Иниеста е подобар од него, тој е комплетниот
фудбалер на таа позиција во историјата на фудбалот, Касано исто така ми посочи
дека сака да се сретне со него, невозможно е да не засакате фудбалер од типот
на Рикелме
“ заклучи Де Роси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×