Во интервјуто кое
португалската ѕвезда Кристијано Роналдо го даде за „ТВИ“, објави неколку
интересни детали од своето минато во професионалната кариера, меѓу другото, членот
на Јувентус откри и со кои клубови преговарал пред да потпише за Манчестер
јунајтед во 2003. година.
„Постоеа многу
контакти со повеќе екипи, како на пример Валенсија, исто така имав средба и со
Венгер за да разговараме околу можноста да се преселам во Арсенал, разговарав и
со Барселона, Реал Мадрид и Интер, но потоа се случи Манчестер јунајтед“
открива Роналдо во интервјуто.
Во интервјуто 34
годишниот Португалец јасно посочи дека не ја исклучува можноста да се
пензионира идната година, и покрај фактот што има уште три години од договорот
со Јувентус, па дури и да игра до 40-тата, или 41-вата година. Исто така, тој
заклучи дека не постоел друг фудбалер со постигнувања како неговите досега.