Модриќ и Молина ја дознаа казната за црвените картони кои ги добија поради новото правило

by
1 минути читање

Лука Модриќ беше
првата жртва на новото правило кое се применува во Шпанија оваа сезона. Хрватот
и покрај тоа што ненамерно го нагазна противникот, доби црвен картон со помош
на ВАР.

Истото му се
случи и на Хорхе Молина во неделата. Судиите имаат сторги насоки да не
толелираат сратови од зад грб во пределот на Ахиловата тетива, па со
прегледување на повторените снимки, играчот на Хетафе беше исклучен.

Комитетот за
натпреварување при Фудбалската федерација на Шпанија сега ги изрече казните и
двајцата фудбалери поминаа само со еден меч суспензија.

Реал Мадрид и
Хетафе имаат право да се жалат, но тешко дека ќе се решат на еден ваков чекор
бидејќи казната е минимална, се очекуваше барам два меча суспензија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×