Иднината на Нејмар не е единствената грижа на ПСЖ, соблекувалната се кренала на нозе, има бунт против Тухел

by
1 минути читање

Сапуницата
наречена Нејмар и желбата на Бразилецот да замине од Париз не е единствениот
проблем на „Паркот на принцовите“. Медиумите пишуваат дека се поголем е
раздорот помеѓу соблекувалната и тренерот Томас Тухел.

Поразот кај Рен
во неделата ја кренал соблекувалната на нозе, дел од играчите се побуниле на
методите на Германецот и потезите кои ги влече.

Наводно
фудбалерите се помалку и помалку ги разбираат замислите на стратегот, па дури и
не знаат со каква формација играат. За некои, Германецот не работи доволно на
тактиките, а многумина не можат да разбираат како Јулијан Дракслер се нашол во стартниот
состав на дуелот со Рен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×