Барса се подготвува за промоција на Нејмар, направено е видео, од Најк се нарачани екстра дресови…

by
1 минути читање

ПСЖ ја одби и
последната понуда на Барселона за позајмица на Нејмар, но „каталонците“ не се
откажуваат и планираат да продолжат со преговорите и до последниот ден од
летниот преоден рок да прават напори за ангажман на Бразилецот.

И покрај тоа што
„светците“ завзедоа прилично цврст став и разликите помеѓу двете страни се
големи, раководството на Барселона се подготвува за промоција на напаѓачот.

РАЦ1 пишува дека
Барса веќе ја има изготвено кампањата како и видеото од Нејмар кое треба да се
објави на социјалните мрежи. Клубот од Камп Ноу исто така побарал од Најк да
обезбеди дополнителни дресови за да се задоволи побарувачката која ќе се
генерира по веста дека Нејмар се враќа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×