Икарди си тера инает со Интер, Аргентинецот стави јасно дознаење дека не си заминува од Милано (ФОТО)

by
1 минути читање

Иднината на Мауро
Икарди се уште не е позната, јасно е дека за аргентинскиот напаѓач нема место
во плановите и идеите на новиот тренер на „Нероаѕурите“, Антонио Конте, а доби
прецизна порака од клубот дека треба да си замине.

Наполи покажа
голем интерес за услугите на напаѓачот, меѓутоа во Италија пишуваат дека Икарди
не е заинтересиран да се пресели во вицепрвакот во тамошниот шампионат, се
споменува и Јувентус како опција, меѓутоа, од таму пак нема реакција.

Како и да е,
Икарди на крајот може да остане во редовите на Интер, па така самиот напаѓач на
социјалните мрежи сподели фотографија на која напиша „Мојот нов дом доаѓа“, а
станува збор за место каде тој треба да престојува во новото живеалиште, на кое
во моментов има градежни активности, истото е во Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×