Во претпоследниот
натпревар од 2. коло во Премиерлигата, Челси и Лестер ги поделија бодовите.
„Сините“ беа одлични во првото полувреме, поведоа рано во 7. минута кога Маунт
украде една топка од Ндиди во опасната зона и погоди за 1-0. Избраниците на
Лампард потоа креираа уште неколку добри шанси, но на пауза заминаа со
минимална предност.
Второто полувреме
сепак донесе поинаква слика. Лестер заигра далеку подобро а Челси се мачеше.
Гостите изедначија преку Ндиди во 67. минуга, фудбалерот од средниот ред се
снајде најдобро по еден корнер и ја затресе мрежата на Кепа.
„Лестер“ потоа
можеше и до цел плен, имаше неколку прилики, но на крајот двете екипи мораа да
се задоволат со по еден бод.
На вториот
денешен натпревар, Шефилд јунајтед со 1-0 го победи Кристал Палас. Творец на
победата беше Лундстрам на почетокот од второто полувреме.