Реал Мадрид со три
бода и триумф од 1-3 си замина од незгодното гостување на Балаидос и покрај тоа
што повеќе од половина час играше со играч помалку.
На стартот од
вториот дел, Лука Модриќ пред време беше испратен во соблекувална. Во прв
момент, судијата не извади ниту жолт, но по реакцијата од ВАР собата уште еднаш
го погледна стартот на Хрватот и реши да му покаже црвен.
Неговиот старт не
беше толку опасен, па многумина сметаат дека е престрого досуден. Но фудбалерот на
Реал Мадрид всушност е исклучен поради новото правило кое од оваа сезона се
применува во Ла Лига.
Во Шпанија повеќе нема да се толерираат стартови од
зад грб во пределот на Ахиловата тетива. Идејата е фудбалерите да бидат заштитени
од сериозни повреди и судиите добија насоки ваквите потези да ги казнуваат со
црвен картон, а Лука Модриќ прв на своја кожа го почувствува новото правило.