166
Валверде за следниот меч би требало да смета на Меси, но во составот ќе го нема Луис Суарез кој заработи повреда на мускулот на ногата синоќешниот меч против Атлетик Билбао.
Информациите велат дека Суарез со сигурност ќе ги пропушти следните два меча на Барселона, на домашен терен со Бетис, и гостински кај Осасуна. Потоа следува пауза за репрезентативни мечеви на кои Суарез исто така нема да игра. Неговото враќање може да се очекува за дуелот со Валенсија.
Барселона со пораз ја стартуваше новата сезона откако синоќа загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао со 1-0.