782
Џеко стави потпис на нов договор со Рома кој ќе биде со траење до 30 јуни 2022 година. Босанецот ќе заработува 4,5 милиони евра годишно плус бонуси.
„Во изминатите неколку недели сфатив колку многу клубот сака да останам“, вели Џеко.
„Мојот разговор со челниците на бордот, работата со тренерот, односот со моите соиграчи и љубовта од фановите која ми ја даваа ме натераа уште еднаш да го сфатам она што веќе го знаев во изминатите четири години, дека Рим е мојот дом“.
„Имаме се што ни е потребно за да освоиме нешто и среќен сум што ќе можам да останам подолго“.