175
Филипе Кутињо оди на едногодишна позајмица во Баерн Минхен кој ќе има опција комплетно да го откупи бразилецот по крајот од сезоната.
Тренерот Роберт Ковач вели дека цела Бундеслига треба да се радува на овој трансфер.
„Според мене, не само Баерн Минхен, туку целата Бундеслига и цела Германија треба да биде среќна со доаѓањето на вака големо име во нашата лига“, вели Ковач.
Кутињо беше одличен во Ливерпул, но не ги исполни очекувањата во Барселона. Останува да видиме што ќе покаже во Баерн Минхен.