840
Азар го пропушта натпреварот против Селта во Виго, а нема да биде во опција и за неколку потоа. Тој заработи повреда на бутниот мускул за време на тренинг на Реал Мадрид и ќе биде во аут од три до четири недели.
„АС“ прогнозира дека Азар покрај дуелот со Селта ќе ги пропушти и мечевите со Ваљадолид и Виљареал. Потоа следуваат квалификациски натпревар со Белгија кои би требало исто така да ги пропушти.
Се очекува да се врати дури за четвртото коло од Ла Лига и дуелот против Леванте на Бернабеу.