Ловрен ги договори личните услови со Рома, од Ливерпул позитивни сигнали за овој трансфер

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Ливерпул, Дејан Ловрен според информациите кои ги објави „Скај Спорт Италија“
веќе ги договорил личните услови со Рома во пресрет на трансферот кој треба да
се реализира во периодот кој претстои, а истиот би ја чинел „Римската волчица“
25 милиони евра.

„Скај Спорт
Италија“ тврди дека Рома веќе постигнала договор со Хрватот, а наводно во
Ливерпул постојат позитивни сигнали кои најавуваат дека тимот од „Енфилд“ нема
да му стои на патот на фудбалерот во неговиот трансфер во Рим.

Информациите
велат дека понудата на Рома е позајмица со опција да се откупи договорот на
Ловрен за 25 милиони евра, а истата опција би се активирала доколку Хрватот
одигра одреден број натпревари за Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×