„Бомбе
Ди Влад“ тврди дека Наполи тргнал категорично по потписот на аргентинскиот
напаѓач Мауро Икарди за кого нема место во плановите и идеите на новиот тренер
на Интер, Антонио Конте.
Наполи испратил
мега понуда во висина од 70 милиони евра за Аргентинецот, па ако се земе во
предвид фактот што на Икарди му беше порачано дека не е во плановите на клубот
за новата сезона, извесно е дека оваа понуда ќе биде прифатена од „Нероаѕурите“, за што се шпекулира дека наводно има позитивни сигнали од Милано за тоа да се реализира.
Горе наведениот медиум пишува
дека Икарди има понуда на маса со годишна плата од цели 9 милиони евра, а
истата би го направила најскапоплатениот фудбалер на Наполи, а италијанскиот медиум додава
дека Интер веќе дал зелено светло за овој трансфер и наводно понудата била
прифатена.
Тоа што треба
дополнително да се реализира се преговорите помеѓу Наполи и Икарди околу
личните услови на фудбалерот.
Наполи е доста амбициозен во пресрет на новата сезона во Серија А, преговорите за Хамес Родригез со Реал Мадрид се на „стенд-бај“ откако Италијанците ја чекаат разврската со Пол Погба околу неговиот долго најавуван трансфер во Реал Мадрид, а тимот од Неапол веќе постигна договор со ПСВ и самиот Хирвинг Лозано за ангажман на мексиканскиот репрезентативец за 42 милиони евра.