184
Она што вчера
беше најавено, денеска и официјално е потврдено. Барселона го соопшти
трансферот на Жуниор Фирпо од Бетис.
22 годишниот лев бек
пристигнува на Камп Ноу како алтернатива за Жорди Алба, стави потпис на
петгодишен договор и доби откупна клаузула од 200 милиони евра.
За разлика од
синоќешните стории кои велеа за трансфер од 18+7 милиони евра, Бетис сепак
успеа да се исценка за неколку милиони повеќе.
„Каталонците“
соопштија дека трансферот е вреден 18 милиони евра, плус додатни 12 милиони
евра во најразлични бонуси.