259
За 30 милиони евра плус бонуси кои може да достигнат до уште 10 милиони евра, Евертон го купи Кин од Јувентус.
Иако во договорот нема клаузула Јувентус да може повторно да го откупи Кин, италијанскиот шампион ќе добие шанса да ја израмни секоја понуда која ќе стигне за купување на напаѓачот и да има приоритет во купувањето.
„Многу сум горд и почестен што ќе го носам дресот на Евертон. Ќе го дадам најдоброто од мене за овој тим. Евертон е клуб кој размислува за иднината, исто како и јас, па не ми беше тешко да го изберам. Има големи амбиции и јас ќе работам напорно за да помогнам да ги оствариме“, изјави Кин.