Нејмар ќе почека, половина од парите од продажбата на Малком ќе бидат потрошени за Жуниор Фирпо од Бетис

by
1 минути читање

Нејмар силно се
поврзува со враќање на Камп Ноу, и кога Малком беше продаден на Зенит за 40+5
милиони евра, се веруваше дека „каталонците“ полека собираат средства за
ангажман на напаѓачот на ПСЖ.

Но очигледно оваа
зделка ќе почека, неколку извори од Шпанија пренесуваат дека половина од средствата
добиени од трансферот на Малком ќе бидат искористени за ангажман на Жуниор
Фирпо.

Левата бековска
позиција на Камп Ноу е прилично тенка, Ернесто Валверде го има само Жорди Алба, па
стратегот инсистира да биде донесена резерва. Изборот паднал на младинскиот
репрезентативец на Шпанија, кој имаше солидна сезона во Бетис и го привлече вниманието на неколку гиганти како Реал Мадрид, Манчестер Сити и Арсенал.

Жуниор Фирпо во
својот договор има откупна клаузула од 50 милиони евра, но Барса го искористи
добриот однос со Бетис за да го добие за двојно помалку и двата клуба си подале
рака за зделка вредна 18 милиони евра, плус додатни 7 милиони во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×