Солскјер ја објасни ситуацијата на Погба и одговори дали Французинот ќе се пресели во Реал

by
1 минути читање

Пол Погба не
отпатува за Кардиф и пријателскиот меч со Милан и покрај тоа што беше најавен
како дел од составот, официјалниот став на „ѓаволите“ е дека тој бил повреден,
додека пак медиумите шпекулираат дека играчот штрајкува и сака да биде продаден
на Реал Мадрид.

По дуелот со
Милан, кој Манчестер јунајтед го доби на пенали (во регуларниот дел беше 2-2),
Оле Гунар Солскјер ја објасни ситуацијата на Французинот.

„Немам грам
сомнеж, Пол Погба ќе остане во Манчестер јунајтед ова лето“
– порача самоуверено
Норвежанецот.

„Погба веројатно
на почетокот од следната недела ќе се врати на тренинг. Не станува збор за
посериозна повреда, едноставно имаше болки во грбот. Во секој случај јас немаше
да ризикувам ништо овој викенд. Очекувам да биде фит за дуелот со Челси“.

Запрашан зошто
името на фудбалерот се нашло на списокот ако веќе бил повреден, Солскјер со насмевка на лицето посочи
дека виновна е портпаролката на клубот, која вечерва беше со него на пресот.

„Не очекував тој
да игра денеска, разговаравме по последниот тренинг и не се чувствуваше добро.
Нашата портпаролка Карен имаше други обврски и многу работа па таа е виновна
што Пол Погба беше најавен како дел од составот“.

Со ваквите
коментари Оле Гунар Солскјер го олади Реал Мадрид, кои и онака е под притисок
да го договори трансферот до 8. август, кога затвара трансфер пазарот во
Англија.

Останува да се
види дали е можно „ѓаволите“ сепак да го омекнат ставот во следните денови и да
дозволат Французинот да се пресели на Бернабеу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×