Погба е повреден или почна бојкот за заминување од Јунајтед?

by
1 минути читање

Погба бил на списокот на фудбалери на Манчестер јунајтед кој требаа да отпатуваат во Кардиф синоќа за денешниот меч против Милан, но францускиот фудбалер не се појавил на аеродромот.

Манчестер јунајтед тврди дека Погба има повреда на грбот и поради тоа во последен момент било откажано неговото патување.

Но, „Дејли Мејл“ пишува дека причината е сосема друга, Пол Погба почнал бојкот со цел да изнуди трансфер.

Реал Мадрид е најсериозниот кандидат за потписот на Погба, но се шпекулира и со враќање во Јувентус.

Преодниот рок во Англија трае до 8. август, па Погба е свесен дека ако Јунајтед го продава тоа ќе биде до тој датум бидејќи потоа нема да можат да ангажираат негова замена. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×