Синоќа беше
објавено дека „кралевите“ го активираат „планот Б“ и тргнуваат по Дони ван де
Бек поради тоа што не можат да го ангажиаат Пол Погба, кој е прва желба на
Зинедин Зидан.
Денеска веќе се
говори дека Реал се има договорено со Холанѓанецот и сега се водат преговори со
Ајакс за висината на обесштетувањето, се шпекулира за сума помеѓу 60 и 70
милиони евра.
Самиот играч
потврди дека постои интерес, но посочи дека е прерано да се говори дека тој
е на чекор до Бернабеу.
„Секако дека има
интерес, но луѓето обично избрзуваат со одредени заклучоци“ – изјави Ван де Бек
во пресрет на отварањето на новата сезона во Холандија и дуелот против Витезе
во сабота.
За тоа дека е
„план Б“ и втора опција после Пол Погба, Ван де Бек вели: „Мене не ми е кажано
така, но можеби има одредена вистина во ова. Не е се така како што се пишува во
весниците, не треба да се верува во се што ќе се прочита и слушне“.
„Секогаш има
многу глупости. Не треба јас да ви кажувам што е вистина а што е лага. Јас
можам само да ви порачам дека се фокусирам на дуелот со Витезе во сабота, а се
останато ви препуштам вам“.
На оваа тема се
огласи и тренерот на Ајакс, Ерик тен Хак, кој рече: „Секако дека не сакаме да
го загубиме Ван де Бек, ќе сториме се што можеме за да го задржиме. Но кога
Реал Мадрид ќе тропне на вратата… тоа е тешко. Минатата сезона одигравме
одлично, па свесни сме дека нашите играчи ќе бидат барани“.