Аргентинецот е во
фокусот на вниманието откако Манчестер јунајтед и Јувентус начелно постигнаа
согласност за спектакуларна трампа. Ромелу Лукаку веќе се договори со „старата
дама“ и сега се чека само Пауло Дибала да каже ДА за комплетирање на зделката.
Изминативе денови
често се говореше дека напаѓачот се двоуми, и според пишувањата на Газета дело
Спорт, тој вчера ги известил директорите на Јувентус дека не сака да се пресели
на Олд Трафорд.
Популарниот „Ла хоја“ преферира да
продолжи во „бело-црниот“ дрес под водство на Маурицио Сари, а ако веќе мора да
замине, тоа да биде во клуб кој повеќе ќе одговара на неговиот стил на игра.
Раководството на
шампионот на Италија денеска ќе изврши нов притисок врз играчот и ќе се обиде
да го убеди да одговори позитивно на предлогот на „ѓаволите“.
Останува да се
види дали ваквиот став на Аргентинецот е искрен или пак само е стратегија да се
извади максимум од ситуацијата со оглед на тоа дека тој е клучен за реализирање
на трампата.
Одредени издвештаи
велат дека Пауло Дибала бара плата од 12 милиони евра по
сезона, како и провизија за неговите агенти од 15 милиони евра, суми кои им создаваат главоболки на директорите на Манчестер јунајтед.