Ериксен има уште една година од актуелниот договор со Тотнем кој ако не го продаде ова лето ризикува да го загуби како слободен играч.
Данецот беше високо на агендата на Реал Мадрид, но тоа не е повеќе така. Во моментов тој е нивна трета опција, па ќе испратат понуда за Ериксен доколку не успеат да ги купат Пол Погба или Дони ван де Бек од Ајакс.
Според пишувањата на „Мирор“, ако Манчестер јунајтед го продаде Погба, Солскјер сака Ериксен да пристигне на Олд Трафорд, но опции се и Јури Тилеманс и Џејмс Медисон.
Но, прашање е и дали Ериксен од Тотнем би се преселил во Манчестер јунајтед бидејќи работите во последните години во Англија се поразлични, Спарси се тие кои играат во Лигата на шампионите, а тимот од Олд Трафорд во следната сезона ќе настапува во Лига Европа.
Постои шанса Кристијан Ериксен и да го продолжи договорот со Тотнем доколку се увери дека нема подобра опција за трансфер.