Европското првенство за играчи до 21 година заврши вечерва со триумф на Шпанија. Популарните „Ла рохита“ ја совладаа Германија во финалето со 2-1, стигнаа до својата петта титула и се изедначија со Италија како селекции кои најмногу пати го подигнале трофејот.
Резултатот беше отворен на стартот од мечот, Фабиан Руиз постигна голазо и прекрасно погоди од далечина. Фудбалерот на Наполи, кој го привлече вниманието на неколку клубови помеѓу кои и Реал Мадрид, испрати нов проектил од далечина во 69. минута, но голманот на Германија одбрани. Сепак, прв до одбиената топка стигна Дани Олмо и мајсторски ја префрли преку Нибел за 2-0.
Германија намали во 88. минута кога ударот на Амири го закачи Ваљехо во глава и го лобуваше голманот на Шпанија. Сепак, „панецерите“ доцна се вратија во игра и немаше време да сторат нешто повеќе.