73
Барселона и ПСЖ преговараат за враќање на Нејмар на Камп Ноу. Првичните информации беа дека францускиот клуб бара 300 милиони евра за Бразилецот, а потоа дека би прифатиле и сума од 222 милиони евра, истата таа за која и го купија во 2017.
Сега весникот пишува дека ПСЖ бара 130-150 милиони евра плус двајца фудбалери на Барселона, се споменуваат имиња на Кутињо, Дембеле, Ракитиќ и Умтити.
Речиси и да нема комбинација од двајца фудбалери од овие четворица која би изнесувала помалку од 150 милиони евра според цените на денешниот трансфер пазар. Па прашање е дали ПСЖ ги намали или ги зголеми барањата за продажба на Нејмар?